Се повеќе актуелни и поранешни спортисти, особено од САД се приклучуваат на движењето кои го покрена расното убиство на Флојд Џорџ во Минеаполис што беше причина за жестоки протести и немири низ повеќе градови на државата. Се огласи и легендарниот Мајкл Џордан. Тој објави официјална изјава во која вели дека е тажен, повреден, но и бесен.
„Навистина сум многу тажен, во болка сум, но и тотално сум бесен. Ја гледам болката, бесот и фрустрациите кај сите. Повикувам да запре расизмот и насилството против луѓето со црна боја на кожата во нашата земја. Доволно беше.
Јас ги немам сите одговори, но нашиот колективен глас покажува доволно сила за да не може да бидеме разделени од било кого. Мора да се слушаме меѓу себе, да покажеме емпатија и да му го завртиме грбот на безумното насилство. Мора да продолжиме мирно да се бориме против неправдата и да бараме одговорност. Мора да работиме заедно за да обезбедиме правда за сите. Моето срце е со семејството на Џорџ Флојд како и со сите други кои ја почувстувале бруталноста на расизмот и на неправдите“ – стои во соопштението на Џордан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА