Кошаркарската легенда, Мајкл Џордан, официјално е најбогатиот спортист на сите времиња, иако одамна ја заврши својата играчка кариера.
Според магазинот „Форбс“, Џордан веќе има богатство од 1,7 милијарди долари, а само во изминатава година се збогатил со дури 300 милиони долари. Најголем дел од заработувачката на Мајкл Џордан доаѓа од неговата заштитна марка „Ер Џордан“ што е дел од гигантот за производство на спортска опрема „Најк“, како и од акциите во НБА тимот на Шарлот. Шесткратниот освојувач на шампионскиот прстен во НБА со Чикаго булс, сега е доминантен сопственик на Шарлот каде поседува 90% од акциите.
Во Топ 10 на најбогатите Американци за 2018 година, влегува само уште една личност од спортот – голферот Тајгер Вудс. Богатството на Вудс е проценето на 800 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА