Мајкл Џордан го продава Шарлот после 13 години

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Мајкл Џордан, повеќе нема да биде доминантен сопственик на Шарлот Хорнетс, една од најмалку успешните НБА франшиџи во последните години. Ова го тврди новинарите на ЕСПН Андриан Војнаровски кој оваа информација ја сподели на социјалните мрежи.

Џордан ќе го продаде клубот на Мелвин Капитал Менаџмент, инвестициски фонд од Њујорк, чии сопственици се Геб Плоткин и Рик Шнал. На чело на Хорнетс Џордан е 13 години, но ниту одблиску не беше добар сопственик како кошаркар.

Џордан пред Шарлот, ја одработуваше улогата директор на Вашингтон.

<

/p>

Се вчитува...