Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ја раскина соработката со досегашниот менаџер Жозе Мурињо по катастрофалниот прв дел од сезоната во Премиер – лигата. „Црвените ѓаволи“ резултатски, а и со прикажаните игри, беа далеку под очекувањата на своите фанови и на јавноста во Англија, а раководството одлучи да му даде отказ на португалскиот стратег.
Мајкл Карик, легендарниот играч на Јунајтед ќе го преземе тимот како привремено решение и ќе го подготвува за наредните предизвици. Во меѓувреме, раководството на клубот од „Олд Трафорд“ ќе треба да одлучи дали ќе му даде доверба до крајот на сезоната, или ќе доведе нов стратег на клупата.
Карик на „Олд Трафорд“ мина 12 сезони за тој период одигра 316 натпревари, постигнувајќи 17 гола. Тој беше дел од стручниот штаб на Жозе Мурињо оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА