Мајко милааа што беше сега ова! – Оршиќ со голот на првенството носи ново водство за Хрватска (ВИДЕО)

Хрватска води со 2-1 на полувреме против Мароко во натпреварот за третото место на Светското првенство во Катар. Водство од 2-1 за Хрватите донесе Мислав Оршиќ со веројатно погодокот на Мундијалот во 42. минута. Оршиќ неверојатно биеше од некои 16-тина метри и буквално на гол-линија го лобуваше еден од најдобрите голмани на првенството, Боно.

Феноменален старт ни донесе натпреварот откако видовме два гола за само седум минути. Хрватска поведе со 1-0 во 7. минута преку Јошко Гвардиол кој на феноменален начин со удар со глава во стил на Робин ван Перси ја затресе мрежата на голманот на Мароканците, Боно. Само две минути подоцна Мароканците се вратија во мечот со погодокот на Дари.

Одличен шут во 24. минута имаше Лука Модриќ, но одлично интервенираше можеби и најдобриот голман на турнирот, Боно. Мароко убава шанса имаше во 39. минута кога по корнерот на Зијеш, Ен Незири биеше со глава, но таа заврши покрај голот на Ливаковиќ.

Croatia [2] – 1 Morocco – Mislav Orsic 42′ great goal from soccer

Се вчитува...