Анти-дискриминистичката организација на ФИФА упати сугестии до светската фудбалска Куќа да покрене истрага против руските навивачи поради расистички скандирања на вчерашниот пријателски меч Русија – Франција. Во текот на средбата на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург во неколку наврати се слушаа мајмунски крици секогаш кога црномурест играч ќе ја допреше топката, а истите звуци се слушаа откако Погба го постигна вториот гол во победата на „триколорите“ од 3-1.
Министерката за спорт во Франција Лаура Флесел, преку социјалните мрежи се огласи за случајот и посочи дека треба да се преземат ригорозни мерки со цел вакви несакани сценарија да се избегнат за време на мундијалот и воопшто да се отстранат од спортот.
Овие несакани сцени се случуваат само два месеи пред почетокот на најголемото фудбалско збиднување, токму во земјата која е домаќин на СП, на стадион каде ќе се играат дел од натпреварите.
Европска фудбалска унија досега два пати водеше истрага против Зенит од Санкт Петербург за расистички испади на европски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА