Искусниот швајцарски тренер Урс Фишер официјално е назначен за нов тренер на германскиот бундеслигаш Мајнц 04, потпишувајќи повеќегодишен договор.
Дебито на 59-годишникот кој во минатото со успех го предводеше Унион Берлин од 2018 до 2023 година ќе биде на натпреварот против Лех Познањ во Конференциската лига.
Фишер го очекува тешка задача во Мајнц со оглед на тоа што клубот нема победа од месец септември и се наоѓа на 18 место на табелата со само шест освоени бодови.
Our new gaffer! 🫡
🗞️ https://t.co/tAUDc5zvZf#Mainz05 pic.twitter.com/J5d6DvbEqw
— Mainz 05 English (@Mainz05en) December 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

