Мајнц го налути Баерн па прими пет гола (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион Баерн Минхен стигна до првата победа во новата година откако успеа по пресврт да го совлада Мајнц со 5-2. Гостите ги налутија фудбалерите на Баерн бидејќи по првото полувреме имаа предност од 0-2 со головите на Буркард во 32. и Хак во 44. минута.

Баварската машина уфрли во повисока брзина во второто полувреме. Прво Кимих во 50. намали на 1-2, а Сане само пет минути подоцна израмни на 2-2. Никлас Суле во 70. донесе водство од 3-2. До крајот Левандовски во 76. минута од пенал и во 83. ги постави конечните 5-2.

Баерн се врати на врвот во Бундеслигата со 33 бода, два повеќе од второпласираниот Лајпциг. Мајнц останува претпоследен со шест бода.

 

 

 

Се вчитува...