Мајнц и Хамбургер си поделија по еден бод со по еден постигнат гол во меѓусебната пресметка вечерва, со која се отвори 23-тото коло во германската Бундеслига. Мечот можеше да заврши и поинаку, со оглед дека и двата тима имаа уште неколку шанси во текот на мечот.
Откако Хамбургер на двапати се закани, Мајнц дојде до предност во 43. минута. Да Коста испрати прецизен центаршут до Амири, кој успеа да го совлада гостинскиот голман за предност на домашната екипа.
Мајнц можеше и до 2-0 во 61. минута, ама откако не успеа, тоа го казни Хамбургер преку Виериа. Изведе слободен удар, топката удри некој од противничките играчи и заврши зад грбот на на Батц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

