Холандскиот фудбалер и моментално член на Мајнц, Анвар Ел-Гази е суспендиран од својот клуб откако застана на страната на Палестина, и нападот на Израел врз Газа го нарекол „геноцид“.
28-годишниот фудбалер во понеделникот на својот „Инстаграм“ напишал статус во кој пружил недвомислена поддршка на Палестина во овие тешки моменти.
„Ова не е војна. Кога едната страна на другата ќе и укине вода, храна и струја, тогаш тоа не е војна. Кога една страна има нуклеарно оружје, тоа не е војна. Кога една страна е финансирана со милијарди долари, тоа не е војна. Кога една страна користи фотографии за ширење на дезинформации за другата, тогаш тоа не е војна. Кога социјалните мрежи цензурираат содржини од една страна, а не и од другата, тогаш тоа не е војна. Ова не е конфликт, и не е војна. Ова е геноцид и масовно уништување и гледаме дека тоа се случува во живо. Од реки до мориња, Палестина мора да биде слободна“, напиша играчот.
Холанѓанецот потоа го избриша постот, но тоа не го спаси од суспензија.
„Ел Гази зазеде став за конфликтот на Блискиот исток, кој клубот го смета за неприфатлив. Пред носсење на оваа одлука, двете страни имаа расправа. Мајнц ги почитува фактите дека постојат различни перспективи за десетици години долгиот конфликт на Блискиот исток. Но, клубот се оградува од содржината на оваа објава на социјалните мрежи затоа што не е во согласност со вредностите на клубот“, објавуваат од клубот.
Претходно на страната на Палестина застана и фудбалерот на Баерн, Нусер Мазрауи, но и натаму нема став од клубот за неговата ситуација. Тој во секој момент ќе се врати во Баерн, по собирот со репрезентацијата на Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

