Мајорка ја шокираше Жирона во „Копа дел реј“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Мајорка стигнаа до сензационална победа над хитот на сезоната во Европа, Жирона откако на домашен терен славеа со 3-2 во четвртфиналето во „Копа дел реј“.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со голот на Ларин во 21. минута. На 2-0 зголеми Пратс во 28. минута, додека истиот фудбалер во 35. минута од пенал донесе водство и од 3-0.

Во вториот дел гостите заиграа подобо. Прво преку Кико Стуани од пенал во 68. минута намалија на (3-1), а во 96. минута успеаја да постигнат и погодок за 3-2 преку Савио, но сето тоа беше прекасно.

Mallorca 3-0 Girona – Abdon Prats penalty 35' (+ call)
byu/Meladroitdeposter insoccer

Се вчитува...