Мајорка тргнува по потписот на Столе Димитриевски

Столе Димитриевски речиси сигурно ќе ги смени клупските бои во текот на летово по изненадувачкиот потег на управата на Валенсија, да го стави македонскиот репрезентативец на трансфер-листата.

За потсетување, Македонецот имаше бројни понуди кога реши да си замине од Рајо Валјекано, на крајот избра да се пресели во Валенсија поради најавите дека Мамардашвили ќе биде продаден веднаш по ЕВРО 2024. Столе потпиша, но ситуацијата се искомпликува откако Мамардашвили беше продаден во Ливерпул, но „црвените“ дадоа зелено светло тој да остане уште една година на „Месталја“.

Шпанскиот новинар Матео Морето пренесува дека ситуацијата со Димитриевски внимателно ја следи екипата на Мајорка која летово би можел да остане без некој од своите голмани. Во таква ситуација Димитриевски би бил високо на листата на желби на клубот кој изминатата сезона ја заврши на 10. позиција во Ла Лига.

Своевремено дресот на Мајорка го носеше македонскиот напаѓач, Александар Трајковски кој за овој клуб настапуваше од 2019 до 2021 година.

Се вчитува...