Мајснер и Атиемвен си заминаа од Гостивар

Томас Мајснер и Ијаји Атиемвен си заминуваат од тимот на Гостивар. Германскиот стопер и нигерискиот напаѓач после само шест месеци, односно една година си заминуваат од таборот на прволигашот.

Атиемвен дојде во Гостивар во август минатата година од Шериф, а во минатото беше дел од Динамо Загреб, Горица, Омонија, Локомотива, Ризеспор, Манисаспор, Ерчијеспор, а во минатата сезона одигра 14 меча, постигна три гола и запиша три асистенции.

Мајснер дојде во јануари оваа година од Ханза Рошток, како засилување на одбраната на Гостивар, но заминува по шест месеци. Одигра 15 меча за Гостиварци.

Се вчитува...