Манчестер јунајтед се пласираше во осминафиналето од ФА Купот на Англија откако во повеќе од драматичен натпревар славеше со 3-2 во големата дерби-пресметка против Ливерпул.
Бруно Фернандеш е херојот на Јунајтед по прекрасниот погодок од слободен удар во 78. минута со кој донесе триумф за „црвените ѓаволи“.
#FACup #MUNLIV
Man United 3-2 Liverpool – GOAL! Bruno Fernandez ???pic.twitter.com/GPbiMjRMUE— ???? ????? (@Fastgoal2) January 24, 2021
Претходно, Ливерпул дојде прв до водство со голот на Салах во 18. минута. Гринвуд во 26. минута израмни на 1-1, а Рашфорд во 48. минута донесе предност за Јунајтед од 2-1. Во 58. минута Салах со својот втор погодок израмни на 2-2.
Манчестер јунајтед во осминафиналето од ФА Купот ќе игра со Вест Хем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

