Мајсторија на Буендиа за нова победа на Астон Вила, Челси убедливо со Кристал Палас (ВИДЕО)

Челси ја продолжува битката за една од водечките четири позиции во Премиерлигата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона, по убедливата победа од 1-3 на гостувањето против Кристал Палас во 23. коло.

И Астон Вила ја продолжува битката за врвот по гостинската победа од 0-2 против Њукасл.

Победата на Астон Вила беше најавена со извонредниот гол на Буендиа уште во 19. минута од средбата. А, Воткинс во 88. минута ги постави конечните 0-2.

Челси, пак, триумфираше со головите на Естевао во 34. минута, Жоао Педро во 50. минута и на Фернандез од пенал во 64. минута од натпреварот. Домашните само во 88. минута со голот на Ричардс го ублажија поразот за конечни 1-3.

Се вчитува...