Манчестер сити рутински се пласираше во петтото коло од ФА Купот на Англија, откако тимот на Пеп Гвардиола вечерва триумфираше со 0-2 на гостувањето против Кардиф.
Гвардиола не тактизираше со составот, настапи со речиси најдобриот тим, па „граѓаните“ очекувано лесно ја оправдаа фаворитската улога. Гостите од Манчестер целата работа ја завршија уште во првото полувреме, најпрвин Де Бруин постигна прекрасен погодок од слободен удар, пред Стерлинг да зголеми на 0-2 на асистенција на Бернардо Силва.
Со тоа Манчестер сити останува во игра за освојување на сите трофеи сезонава, „граѓаните“ се убедливо први во Премиер-лигата, згора на тоа стигнаа и до финалето од Лига-купот на Англија, а исто така се дел и од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА