Мајсторија на Елези на градското дерби на „Кошево (видео)

Сараево има предност по првото полувреме на големото градско дерби против Железничар, а најзаслужен за тоа е македонскиот репрезентативец Агон Елези.

Тој ги надмина проблемите со повредата поради која извесен период беше надвор од терените, блеснувајќи токму на дуелот со „Жељо“ на кој Елези стрелаше мајсторски со глава, за огромна радост на домашните фанови на стадионот „Кошево“.

Сараево пред крајот на полувремето поведе и со 2-0, со погодокот на Оливеира, a на одмор се замина со уште поубедливи 3-0 со евроголот од слободен удар на Љајиќ постигнат во десеттата минута од судиското продолжение.

 

Се вчитува...