Атлетико Мадрид стигна до лесна победа од 3-1 против Севилја во 28. коло на шпанската Примера.
„Јорганџиите“ без поголеми проблеми стигнаа до трите бода, најавувајќи го триумфот со голот на Годин во 37. минута од средбата.
Гризман во 61. минута зголеми на 2-0 со прекрасен погодок директно од слободен удар, со шут од околу 25 метри, а на 3-0 зголеми Коке во 77. минута. Почесниот гол за гостите го постигна Кореа во 85. минута.
Atletico Madrid vs Sevilla 3-1 ● All Goals… by YNWAHD
Со најновите три бода, Атлетико сега има 55 бода, за зацврстување на четвртата позиција на табелата. На третото место остана Севилја со 57 бода, зад Барселона која е со 60 бода и Реал Мадрид на лидерската позиција со 65 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА