Елиф Елмас продолжи со серијата одлични игри во дресот на Торино, постигнувајќи гол за израмнување на ремито на домашен терен против Верона (1-1). „Торинезите“ беа на работ на пораз, кога Елмас презеде одговорност, влезе во шеснаесетникот, по што со милиметрски прецизен удар со левата нога го матираше противничкиот голман.
Торино денеска на профилите на социјалните мрежи објави видео од друг агол од погодокот на Елиф, при што уште подобро се гледа мајсторијата на македонскиот „дијамант“, што го спаси неговиот тим од пораз.
Уживајте во новото ремек-дело на Елиф Елмас во елитното италијанско фудбалско друштво…
Primo gol davanti al pubblico granata per Elif Elmas
pic.twitter.com/aWBoiHubxv
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) April 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА