„Мајсторијата“ на Митев која донесе реми со Швајцарија (ВИДЕО)

Ракометната репрезентација на Македонија со реми против Швајцарија 29-29 го заврши настапот на традиционалниот „Жолт куп“ во Винтертур.

Повторно нашите ракометари одиграа подобро во второто полувреме, а реми ни донесе неверојатниот Марко Митев со гол на 20 секунди до крајот на мечот.

Македонија заминува за Хернинг каде на 16. јануари ќе го отвориме шампионатот со дуелот против Данска. Потоа ни следуваат мечевите со Португалија и Романија.

Во продолжение погледнете ја мајсторијата на Митев.

Се вчитува...