Мајсторски гол на Шкендија Арачиново за три бода од Прилеп, „седмица“ на Новаци за Големо Коњари (ВИДЕО)

Шкендија Арачиново со три бода се враќа од гостувањето на жешкиот терен во Прилеп, победувајќи со 0-1, и ја продолжи битката за врвот на табелата. Сега ќе се надева на „кикс“ на Брегалница Штип, за да остане на првото место на табелата.

Стрелец на единствениот гол беше Фикрет Љиварека во раната фаза од натпреварот. Љиварека од левата страна упати прецизен удар кој заврши во горниот лев агол од голот на Победа, што на крајот беше доволен за гостински триумф.

Битката за горниот дел на табелата ја продолжува и тимот на Охрид, кој со 0-2 ја совлада Преспа на гостински терен.

Екипата на Беласица успеа да избори триумф во Гевгелија со 0-2.

Тетекс го совлада тимот на Осогово со 3-0 на домашен терен, додека Вардар Неготино и Слога Виница одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник 2-2.

ВМФЛ, 10. КОЛО

КАМЕНИЦА САСА – СКОПЈЕ 1-2

КОЖУФ – БЕЛАСИЦА 0-2

НОВАЦИ – Г.КОЊАРИ 7-0

ПОБЕДА  – ШКЕНДИЈА А.  0-1

ПРЕСПА – ОХРИД 0-2

ТЕТЕКС – ОСОГОВО 3-0

ВАРДАР Н. – СЛОГА В.  2-2

БРЕГАЛНИЦА – ДЕТОНИТ (17:00 Ч.)

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...