На почетокот на вториот дел во Струга падна и првиот гол. Играчот од средниот ред на сеуште актуелниот првак Стефан Спировски, ја почна акцијата, и на крајот тој ја круниса со погодок.
Откако доби топка на 25 метри, убаво се ослободи од својот чувар, а потоа прецизно шутираше од 20 метри во мрежата на Амзаи за предност на Струга ТЛ. Евентуална победа на стружани, ќе ја одложи шампионската промоција на Шкендија, а доколку Силекс триумфира, тогаш во последните три кола ќе има уште повозбудлива битка за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

