Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски донесе победа од 1-2 за АЕК Ларнака на гостувањето против Цирих во Швајцарија во 5. коло од Групата А во Лигата на Европа.
Тричковски во игра влезе во 66. минута од натпреварот, а во 85. минута постигна мајсторски гол од свртување за триумф на својата екипа.
АЕК Ларнака, и покрај победа, веќе од претходно ги загуби шансите за пласман во елиминациската фаза од Лигата на Европа. Даниел Мојсов е надвор од тимот на АЕК поради повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

