Салернитана му го нанесе вториот пораз на Лацио во овогодишното издание на Серија А, прв во последните пет меча откако во 12. коло славеше во Рим со 1-3. Домаќите први поведоа преку Зачањи во 41. минута, а останаа во преднсот и на полувремето.
Сепак во второто полувреме следеше целосен камбек, а истиот го најави Кандрева со мајсторски лоб во 51. минута. Во 68. минута Фацио донесе 1-2, а конечниот резултат го постави Диа во 76. минута.
Лацио испушти значајни бодови за борбата за врвот на Серија А, додека трите бода на Салернитана и донесоа искачување на деветтото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА