Мак-баскетот е обоен во „сино-бело“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје одигра нова фантастична сезона на домашно тло во која беа освоени сите трофеи. На стартот на сезоната аеродромци се закитија со трофејот во Суперкупот, славеа и во финалето на Купот во Гевгелија, а вечерва во СРЦ „Кале“ го освоија и дванаесеттиот трофеј во Првата лига.

Клубот кој долго време ја чекаше првата титула веќе повеќе од една деценија се преплати на трофеи, обојувајќи го мак-баскетот во „сино-бело“.

За МЗТ Скопје ова е втора серија со по шест освоени трофеи во низа за вкупно 12 освоени титули во последните 13 финиширани сезони (исклучок е сезоната прекината поради пандемија на коронавирус).

 

Се вчитува...