По вчерашната ждрепка на која македонските клубови ги дознаа ривалите за почетокот на новата европска авантура, денеска во Нион имаше ново извлекување, овојпат за вторите квалификациски рунди за Лигата на Шампионите, Лигата на Европа и за Конференциската лига.
Шкендија во првото квалификациско коло ќе се сретне со Мура, а доколку тетовци го елиминираат словенечкиот првак, во следната рунда ги очекува двомеч со подобриот од пресметките меѓу бугарскиот Лудогорец и белорускиот првак Шахтјор Солигорск. Доколку се пласираат во втората рунда, тетовските „црвено-црни“ овие натпревари ќе ги играат на 20/21 и на 27/28 јули.
Шкупи европската авантура сезонава ќе ја почне против составот на Љапи, а доколку го елиминира косовскиот прволигаш во следната рунда ќе се сретне со португалскиот прволигаш Санта Клара.
Струга ТЛ ќе дебитира во Европа против Лиепаја, а во случај на победа во овој двомеч македонскиот претставник во следната рунда ќе налета на ЦСКА Софија.
Потенцијален ривал на Силекс во втората рунда ќе биде турскиот прволигаш Сиваспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА