Мака помалку за Тухел: Рис Џејмс останува верен на Челси

Челси е на добар пат да осигура продолжување на соработката со еден од најперспективните бекови на денешницата, Рис Џејмс. 22-годишникот кој потекнува од младинската школа на „сините“ во последните сезони се наметна како незаменлив дел од тимот и го примами интересот на великаните како Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Сити.

Па и покрај тоа што има договор до 2025 година тој наскоро ќе добие покачување на платата и нов договор за соработка во следните пет години, пренесуваат медиумите на „Островот“. Желбата да остане не ја криеше ниту самиот фудбалер кој вели дека настапот во дресот на Челси било исполнување на неговиот сон.

„Сакам да останам долго во Челси. Пораснав како навивач на Челси и горд сум што настапувам за тимот за кој секогаш навивав. Не гледам како би се промениле работите. Играм за Челси и тоа е исполнување на мојот сон“, вели Џејмс.

Со поука од заминувањата на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен како слободни играчи Челси во следниот период ќе се обиде да ги осигура „темелите“ на тимот како Џејмс, Маунт и Ковачиќ на нова долгорочна соработка.

Се вчитува...