Макаби израмни на 2-2 во четвртфиналната серија од Евролигата против Монако, декласирајќи ги „кнезовите“ со убедливи 104-69. На тој начин, израелскиот гигант експресно се опорави од изненадувачкиот порз на домашен терен од пред два дена, изборувајќи се за мајсторка што следната седмица ќе се игра во Монако.
Гостите изненадија со подобра игра во првата четвртина, во која Монако целосно го контролираше резултатот, поведувајќи со 17-24. Тоа беше се што Монако успеа да стори, бидејќи Макаби го отвори вториот период со фантастични 17-0. Штом стигнаа до двоцифрена предност, домашните кошаркари не само што ја задржаа, туку и уште повеќе ја зголемија позитивата, не дозволувајќи триумфот во ниту еден момент да биде доведен во прашање, па на крајот израелскиот гигант триумфираше со преубедливи 104-69.
Браун со 22 и Болдвин со 19 поени ги предводеа стрелците во победничкиот тим, додека Мајк Џејмс беше најефикасен кај Монако со 13 поени, но и слаб шут од поле 3/13.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА