Макаби го отпушти Спахија, на негово место грчки стратег

Невен Спахија повеќе не е шеф на стручниот штаб на Макаби откако раководството на израелскиот гигант реши да му врачи отказ на хрватскиот стручњак по слабите игри и резултати на стартот од сезоната. Како пресуден се покажа последниот пораз во Евролигата од Гран Канарија, со што истече и трпението на челниците на Макаби со Спахија.

Веднаш беше именуван и неговиот наследник, станува збо за грчкиот стратег Јанис Сфаиропулос, кој утрово потпиша договор до крајот на оваа сезона, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.

Грчкиот стручњак ќе дебитира на клупата на Макаби во вторник, на гостувањето во Истанбул против Анадолу Ефес во рамките од осмото коло од Евролигата. Сфаиропулос го водеше Олимпијакос од 2014 година се до крајот на ланската сезона, кога му го препушти своето место на Дејвид Блат.

Се вчитува...