Изралескиот Макаби Тел Авив го декласираше грчкиот Олимпијакос нагости со 65-90. Израелците уште од самиот старт го диктираа темпото, а на полувреме заминаа со предност од пет поени (40-45).
Одличната игра продолжи и во третата четвртина по која предноста на семафорот се зголеми на плус дванаесет (56-68). До крајот разликата само се зголемуваше за конечни 65-90.
Скоти Вилбекин со 19 и Тајлер Дорси со 16 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека единствен расположен кај домаќините беше Јоргос Принтезис со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА