Макаби Тел Авив загуби со 88-85 во четвртиот натпревар од Панатинаикос во четвртфиналето на Евролигата, по што грчкиот тим израмни на 2-2 во серијата, изборувајќи се за мајсторка која ќе одлучи кој ќе игра на Ф4.
Израелскиот тим имаше победа и пласман на Ф4 во раце. Со пресврт и одлична игра во првиот дел на последната четвртина успеа да дојде до пресврт, но сето тоа залудно кога во финишот дозволија Грците да се вратат од „мртвите“.
На пет минути до крајот Макаби имаше предност и од шест поени (84-78), имаше контрола на играта и постојано водство се до две минути до сирената, кога Панатинаикос успеа да дојде и до три поени предност од 88-91 со поените на Матијас Лесорт. Потоа Слоукас погоди на 60 секунди до крајот за 88-93, што веќе значеше и победа за Грците која беше заокружена на 88-95.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА