Кошаркарите на Макаби Тел Авив ја декласираа Басконија во првиот меч на Евролигата со резултатот 113-85.
Макаби речиси во целиот меч имаше предност која ја држеше до крајот на мечот, а голем хендикеп за Басконија преставуваше и повредата на Чима Монеке, најдобриот играч од Виторија.
Најдобар во победничкиот тим е Лоренцо Браун со 29 поени. Одличен беше и Вејд Болдвин со 26 поени. Макаби во плеј-офот ќе игра со Панатинаикос, кој заврши како втор на табелата. Четвртфиналето се игра во три добиени меча. Басконија сега го очекува дуел против победникот од Ефес – Виртус, а најдобриот од тие три тима ќе игра против Реал Мадрид во ТОП 8 фазата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА