Макаби Тел Авив се соочи со големи проблеми пред самиот старт на сезоната откако остана без услугите на Венјен Габриел кој заработи повреда на коленото и нема да биде во комбинација за настап еден месец.
Израелскиот тим денеска ја објави неговата замена, а тоа ќе биде Алфа Каба, францускиот центар кој е добро познат во АБА лигата, а има гостувано и во Скопје со Мега и Будуќност. Покрај за српскиот и црногорскиот тим, меѓу останатите настапуваше и за АСВЕЛ, Нантер и Валенсија.
ALPHA! pic.twitter.com/tvvniM6IkK
— Maccabi Tel Aviv BC 🇮🇱 (@MaccabiTLVBC) September 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА