Макаби ја „здроби“ Алба, Анадолу Ефес ја освои Атина

Макаби Тел Авив и Анадолу Ефес ги запишаа и петтите победи во Евролигата, славејќи во 7. коло против Алба односно Олимпијакос.

Макаби славеше пред своите навивачи убедливо со 104-78 против Алба, додека Анадолу Ефес запиша гостинска победа против Олимпијакос во Атина од 67-86.

Најдобар во победата на Анадолу Ефес беше српскиот репрезентативец Василије Мичиќ со 27 поени додека Ларкин запиша 24 поени.

Дибартоломео со 19 поени и Вилбекин со 16 поени го преводеа Макаби до триумфот против последнопласираната Алба.

Се вчитува...