Макаби може да здивне: Болдвин ќе патува во Србија

Макаби Тел Авив може да здивне бидејќи ќе го има на располагање Вејд Болдвин за престојниот натпревар против Басконија во плеј-инот на Евролигата.

Еден од најдобрите кошаркари на тимот кој бележи просек од 17.7 поени и 4.9 асистенции по натпревар не допатува во Белград заедно со останатиот дел од екипата поради проблеми со пасошот на неговиот син поради кои целото семејство не можеше да го напушти Израел.

Сепак бирократските проблеми се надминати и Болдвин наскоро ќе допатува во главниот град на Србија и ќе се приклучи на останатиот дел до тимот на последниот тренинг пред утрешниот натпревар во салата „Александар Николиќ“ кој е закажан со почеток од 19 часот.

Се вчитува...