Макаби останува во Белград, Хапоел ќе игра во Софија

Евролигата ги потврди алтернативните локации на кои израелските тимови ќе ги играат своите домашни натпревари во сезоната 2025/26, бидејќи поради моменталната ситуација не е можно да се играат натпревари во Израел.

Домашните натпревари во Белград ќе ги играат Макаби Тел Авив, но и Хапоел Ерусалим кој сезонава ќе настапува во Еврокупот.

Кошаркарите на Макаби ќе настапат во салата „Александар Николиќ“, додека Хапоел во спортската сала „Ранко Жеравица“.

Хапоел Тел Авив ќе биде домаќин во Бугарија – пред се во Арената „8888“ во Софија, додека некои натпревари, ќе се играат во Арена „Ботевград“.

Ова не е прв пат израелските клубови да играат надвор од својата земја – две сезони по ред домаќинствата беа преселени поради безбедносни причини поради конфликти во регионот, се за да се обезбеди безбедноста на играчите, стручниот штаб и навивачите.

Се вчитува...