Макаби Тел Авив сака да се врати во татковината и да ги игра домашните натпревари од Евролигата во Израел, пренесуваат локалните медиуми.
Натпреварите од домашниот шампионат Макаби ги игра во татковината, а на последниот дуел со Хапоел имаше специјален гостин во името на директорот на Евролигата, Диего Гулиен.
Како што пренесуват медиумите од оваа земја, во последните недели Макаби работи во обид да го врати домаќинствотона натпреварите од Евролигата. Натпреварите од домашното првенство Макаби ги игра во Израел, но без голем број странски играчи, кои настапуваат само во елитното натпреварување.
Макаби е домаќин во Белград, односно во салата „Пионир“ од 7. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА