Воениот конфликт во Израел очекувано остава последици врз кошаркарскиот тим на Макаби, откако најдобрите кошаркари решија да го напуштат клубот и да заминат во други држави.
Центарот Џош Нибо веќе го договори трансферот во Олимпија Милано, а одлуката да ги сменат клупските бои на управата веќе ја соопштиле и двајцата најдобри кошаркари на Макаби. Лоренцо Браун пред извесно време обелодени дека си оди од Макаби, а синоќа истиот став го обелодени и Вејд Болдвин.
„Ова беше мојот последен меч овде. Имам договор на уште една година, но тој ќе биде раскинат. Причината е јасна – се работи за семејството и за стравот околу иднината. Не беше лесна одлука бидејќи чувствувам голема љубов кон Макаби. Не знам дали уште некој ќе си замине, но јас чувствувам дека морам да си одам“, изјави Болдвин.
Извонредниот бек е главна желба на турскиот гигант Фенербахче, додека Браун по пропаднатиот трансфер во Реал Мадрид сега е најблиску до европскиот првак Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА