Макаби од Тел Авив би можел да ги игра натпреварите од следната сезона во Евролигата во Дубаи.
На оваа одлука би можел да влијае и главниот спонзор на „Гордоста на Израел“ кој штотуку доаѓа од Дубаи.
Друга предност на одлуката за преселба во Дубаи може да биде тоа што во оваа земја живеат голем број Израелци.
Поради моменталната воена состојба во Израел, Макаби своите натпревари во Евролигата во претходните две сезони ги играше во Белград.
Во тој случај Дубаи би имал двајца евролигаши, бидејќи домашниот тим од оваа сезона ќе игра и во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

