Макаби Тел Авив пред потпис со доскорешен кошаркар на Црвена Звезда

Лука Миторвиќ, српскиот центар кој претходната сезона ја помина во редовите на Црвена Звезда е блиску до нов ангажман во кариерата и потшис со евролигашот Макаби Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми.

Преговорите се во завршна фаза и наскоро се очекува потпис на повеќегодишен договор помеѓу евролигашот и искусниот 32-годишник кој би бил вториот Србин во тимот по Урош Трифуновиќ.

За Митровиќ тоа ќе биде втор мандат во Израел откако претходно настапуваше и за Хапоел Ерусалим во 2020 година.

Се вчитува...