Израелскиот евролигаш Макаби Тел Авив ги засили своите редови со американскиот крилен центар кој може да ја покрива и центарската позиција Шејн Хантер.
Станува збор за 24-годишник кој во редовите на „гордоста на Израел“ пристигнува од шведското првенство каде со успех настапуваше за Норкопинг каде на 30 одиграни средби реализираше просек од 14.3 поени, 8.6 скокови и 1.2 блокови по натпревар.
Перспективниот кошаркар потпиша тригодишен договор, а се очекува првата сезона да ја помине на позајмица со цел адаптација на повисоко ниво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

