Кошаркарите на Партизан се поразени во Тел Авив на гостувањето кај Макаби со 95-93. Партизан беше пред голема победа, но во финишот направи голема грешка, која Макаби ја казнија и на крајот дојдоа до 11-та победа во Евролигата.
Само во првата четвртина Макаби имаше предност, а потоа кон крајот на полувремето Партизан го презеде водството и го имаше се до пред самиот крај. Макаби успеа неколку пати да израмни, а потоа белградскиот тим влезе со предност од 91-88 во последните 20 секунди. Потоа се случи неспортска лична грешка, од која Макаби успеа да направи пресврт и да поведе 93-91. Меѓутоа потоа од слободни фрлања Партизан успеа да израмни и мечот да влезе во драматична завршница.
Макаби во последната секунда успеа да реализира Кларк, и на крај да донесе триумф на домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

