Макаби во „трилер-меч“ го совлада Фенербахче

Израелскиот кошаркарски гигант, Макаби Тел Авив во неизвесен натпревар славеше на гостувањето во Истанбул кај Фенербахче со минимални 77-78. Натпреварот помина во израмнета игра на двете екипи во кои на крајот одлучуваа нијанси. На полувреме гостите заминаа со минимална предност од еден поен (40-41), додека по три четвртини резултатот изнесуваше (63-64). Одличната одбрана на двете страни продолжи и во последниот период, игра во која на крајот подобро се снајдоа гостите од Израел за конечен триумф од 77-78.

Тимската игра беше клучниот сегмент во победата на Макаби, откако единаесет кошаркари успеаја да се запишат во листата на стрелците. Најдобри беа Отело Хантер кој го постигна победничкиот кош, кој заедно со Дени Авдија натпреварот го завршија со 13 поени. За домаќините не беше доволна ниту одличната партија на Дерик Вилијамс кој натпреварот го заврши со 22 поени.

Се вчитува...