Макаби во трилер меч подобар од Реал Мадрид

Кошаркарите на Макаби Тел Авив стигнаа до изненадувачка победа во „Пионир“ во Белград откако во трилер меч славеа против најтрофејниот европски тим Реал Мадрид со 92-91.

„Кралевите“ одиграа добро во првиот период па по десет минути игра имаа позитива од 17-27. Номиналните домаќини одиграа неверојатен втор период во кој постигнаа дури четириесет поени, па на полувреме имаа предност од 57-48.

Во вториот дел натпреварот влезе во неизвесна завршница во која на крајот подобри беа кошаркарите на израелскиот великан за конечен триумф од 92-91. Лони Вокер со 27 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Марио Хезоња постигна 24 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...