Македонец е фудбалер на годината во Шведска

Крилниот играч Дејан Кулушевски, беше прогласен за најдобар играч на Шведска за 2023 година. 23-годишниот фудбалер со потекло од Македонија, вторпат по ред го освојува ова признание.

Моменталниот договор на Кулушевски е до 2028 година. Моментално цената му изнесува 55 милиони евра.

Сезонава Кулушевски постигна пет гола и запиша две асистенции во одиграни 20 натпревари.

Се вчитува...