Еден Македонец, еден Грк и двајца Хрвати се повредени во жестоката тепачка што се случи на трибината на „Гробарите“ за време на српското вечно дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан. Немилите сцени се случиле за превласт на Јужната трибина, а во неа, како што информира српската полиција, имало и странски државјани.
Повреден е и еден Македонец, а најлошо минал Хрватот Анте Пириќ (26), кој е избоден со нож.
Според српскиот „Информер“, имало обид за „пуч“ на јужната трибина, кој бил организиран од старото раководство на некогаш најмоќната подгрупа „Алкатраз“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА