Огромна трагедија ја потресе Англија и Европа синоќа со хеликоптерската несреќа на сопственикот на Лестер, Вичаи Шриваданапраба.
Повеќе од 16 часа се уште целата светска јавност е во очекување на официјални информации кој се бил во хеликоптерот и дали има преживеани во несреќата која се случи по премиерлигашкиот натпревар меѓу Лестер и Вест Хем.
А, во очекување на официјална информација, Македонец кој долги години живее во Лондон, Англија, и работи за компанија која меѓу другото е и официјален превозник на сопственикот на Лестер и неговите компаии, тврди дека во хеликоптерот синоќа биле пет лица и сите пет за загинати. Меѓу лицата кои се превезувале синоќа по дуелот меѓу Лестер и Вест Хем, биле и Вичаи Шриваданапраба и неговата девојка. Македонецот тврди дека во хеликоптерот не била ќерката на сопственикот на Лестер, која била во седми месец од бременоста…
„Работам за компанија од Лондон која е главен авто-превозник и на Вичаи Шриваданпрахба и неговите компании. Може да кажам дека во неколку наврати и лично го превезував сопственикот на Лестер. Токму еве денеска, со работни обврски, се враќам од Лестер во Лондон и може да ви пренесам најточни информации околу се што се случи синоќа“ – пишува во дописот до нашата редакција македонскиот државјанин, кој сака да остане анонимен, и продолжува…
„Единствената точна информација е дека во хеликоптерската несреќа која се случи синоќа загинаа пет лица од кои еден е сопственикот на Лестер, Вичаи Шриваданпрахба, потоа девојката на газдата на Лестер, еден од неговите менаџери и одговорен за голф клубот на газдата како и двајцата пилоти, еден Англичанец и една пилотка од Полска. Нема никаква вистина дека во хеликоптерот била и ќерката на Вичаи Шриваданпрахба затоа што таа е некаде во седми месец од бременоста“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА