Македонецот Андоновски донесе злато на САД и обезбеди пласман на ОИ во Париз

Македонецот Влатко Андоновски успеа да донесе ново злато на американската женска фудбалска репрезентација како прв човек на селекторската позиција. Овојпат САД го освои трофејот на КОНКАКАФ првенството кое се одржуваше во Мексико.

Избраничките на Андоновски во финалето го победија големиот ривал Канада со минимални 1-0, а решавачки беше пеналот реализиран од Алекс Морган во второто полувреме. Покрај фактот што освоија уште едно континентално натпреварување, за Американките оваа победа има дополнително значење бидејќи е обезбеден и пласман на Олимписките игри во Париз.

На турнирот во Мексико учествуваа осум репрезентации од Северна Америка, Средна Америка и Карибите.

Се вчитува...