Македонскиот фудбалер Матеј Гаштаров продолжува со одличните изданија во дресот на младинската екипа на Црвена Звезда, откако нашиот интернационалец одигра 90 минути за „црвено-белите“ на денешниот дуел од Лигата на Шампионите против Барселона.
Гаштаров и соиграчите имаат за што да жалат ако се знае дека први дојдоа до предност, но не успеаја да ја задржат, но македонскиот фудбалер одигра квалитетно против „бисерите“ на каталонскиот гигант од „Ла Масија“,најпознатата фудбалска академија во светскиот фудбал.
Матеј Гаштаров е офанзивен играч за врска, тој кариерата ја почна во младинската школа на Вардар, од каде се пресели во академијата на Црвена Звезда. Тој е член на репрезентациите на Македонија за играчи до 18 и до 19 години, а доколку продолжи да се развива во вистински правец прашање на време е кога ќе заигра и во младинската репрезентација за играчи до 21 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА