Македонецот извиси: Кендрик Нан е МВП на Евролигата

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан е избран за најкорисен играч на сезоната 2024/25 во Евролигата пред крилниот центар на Олимпијакос, Саша Везенков и плејмејкерот на Париз и репрезентативец на Македонија, Ти-Џеј Шортс.

Фантастичниот американски бек го предводеше бранителот на трофејот со скор 22-12, а е и носител на наградата „Алфонсо Форд“ како најдобар стрелец на првенството со просек од 21.1 поен по натпревар со 3.6 скокови и 4.3 асистенции.

Покрај тоа Нан кој во текот на сезоната реализираше со 43 отсто за три поени, 57 отсто во обидите за два и 86 отсто од линијата за слободни фрлања беше одбран и во првата петорка на Евролигата.

Се вчитува...